Жу открива чуден проблем што го уништил неговиот старт

Кинескиот возач се квалификуваше на најдоброто петто место во кариерата на гридот во Унгарија.

Но Жу Гуанју бара одговори откако досега невиден проблем го уништи неговото Унгарско Гранд При на стартот.

Од најдоброто петто место во кариерата во Ф1 на гридот, Жу претрпе лош старт и беше претекнат од повеќето ривали по што удри во задниот дел на Даниел Рикардо од АлфаТаури, што пак предизвика верижна реакција во првиот свиок и доведе до двојно откажување на возачите на Алпин, Естебан Окон и Пјер Гасли.

На Жу му беше изречена казна од пет секунди од страна на стјуардите за инцидентот и на крајот заврши на 15то место зад тимскиот колега Валтери Ботас, чиј сопствен старт беше уништен поради тоа што мораше да вози широко за го избегне Кинезот.

Откривајќи го проблемот, збунетиот Жу изјави за медиумите:

Ги држев вртежите пред четирите светла и едноставно изгубив секаква реакција од педалата за гас, па стартував без воопшто гас.

Многу е разочарувачки, но за жал, нема ништо да кажам.

Треба подетално да видиме што се случило бидејќи ова е чудно и никогаш досега не се случило.

Се обидов да закрепнам пред да се изгаснат петте светла за да ја започнам трката, се обидов да одам со полн гас, но ништо не се случуваше.

Мојот старт беше бавно тргнување, всушност не бешестарт. Затоа видовте дека мојот болид не се движи.

Навистина е разочарувачки бидејќи мислам дека можеше да биде добро во првиот круг по почетокот и се случи нешто што никогаш претходно не сме го доживеале.

Очигледно се обидував да закочам колку што можев покасно за да се обидам да добијам некои позиции назад во свиокот 1, но потоа делумно поради валканиот воздух од болидите напред, се блокирав.

Но, мојата трка беше завршена на старт линијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ