Ботас задоволен: Ми се допаѓа оваа Алфа

Валтери Ботас и Алфа Ромео имаа далеку подобри втори три денови тест, овој пат во Бахреин, така што финецот задоволно изјави дека почнал да му се допаѓа Ц42 омделот на швајцарската екипа.

Алфа се мачеа минатиот месец во Барселона, но во Бахреин беа далеку подобри, постабилни и без поголеми проблеми. Последниот ден извоеа повеќе од било кој друг тим со вкупно 150 обиколку пред Ботас да мора да се повлече поради проблеми со менувачот доцна попладнето со 6то поставено време.

секако дека знам оти има уште перформанси, но знам дека уште перформанси имаат сите. тестот е вообичаено за тоа, но кога болидот работи и немате дефекти, тогаш е добро. навистина почна да ми се допаѓа овој болид, како со полн резервоар така и со помалку гориво, пристојни сме.

имаме јасна насока во кој правец да се движиме со сетирањето а да извлечеме повеќе перформанси – заклучи финецот.

Повеќекратниот победник на трка призна дека сеуште има обласи кои треба да се прилагодат.

не е лесно да се врти со овој болид доволно рано во кривините. имслам деа карактеристиките на новите гуми од 18-инчи се такви, не се толку многу добри кога се запира и врти во исто време, а особено голем проблем се предните гуми.

имавме добар тест за учење и главно е што ги поправивме сите проблеми кои се појавија уште во барселона.

Бахреинското Гранд При е на програмата следниот викенд, а Валтери се надева дека перформансите ќе се подобрат, а нови проблеми нема да се појават.

ќе можам попрецизно да зборувам следната недела кога целосно ќе можеме да ги разбереме проблемите и ќе се осигураме да не се повторат затоа што во моментов најголема главоболка ми е дистанцаа која треба да се покрие на трка. имавме различни проблеи со долгите серии на тест, но ги поправивме и мораме да видиме дали нема да се повторат.

во однос на перформансите, моето чувство е дека сме далеку подобри од минатата година и тоа е одлично да се види. тестирањето не може да покаже детали, трките се за тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ