Ботас задоволен од силната форма на Алфа

Валтери Ботас призна дека силната форма на неговиот Алфа Ромео од почеток на сезоната е одлично во однос на неговите очекувања во пресрет на тркачката сезона.

Откако по пет години минати во Мерцедес го загуби своето место во тимот по крајот од минатата сезона, тој имаше можност да бира помеѓу Алфа Ромео и Вилијамс и се одлучи за швајцарската екипа. Во Бахреин се квалификуваше на 6то место каде и заврши, додека на Џеда почна од 8та позиција, а се откажа додека се возеше на 6то место поради прегревање на моторот.

мислам дека ваквиот старт на сезоната беше најдобро очекувано сценарио за првата моја сезона во алфа ромео, нешто што не можев ни да го замислам од информациите кои ми ги дадоа. дефинитивно сум многу задоволен од одлуката која ја донесов и уживам.

ако продолжиме да го подобруваме болидот, не се сомневам дека тоа ќе го направиме во иднина, редовно ќе се бориме во последниот квалификациски сегмент и поени на трката – најави ботас.

Тој дури најави и дека може да го престигнат Мерцедес во борбат за 3та најбрза екипа на гридот и да се пуштат во потера по Ферари и по Ред Бул.

тоа треба да биде нашата цел сега, видовме дека тоа е така на некои места како бахреин, ќе биде тешко, но достижно. целиме да бидеме најдобри од останатите, имаме мотивација и јасни цели. се надеваме дека ќе можеме да се бориме за 5то место на секоја трка, тоа ќе биде огромен чекор за нас.

Во Џеда тој се повлече откако тимот му кажа дека температурата во моторот е многу висока, а откако ситуацијата не се подобруваше, тој реши да го зачува агрегатот откако стана јасно дека нешто се заглавило во ладилнот и го ограничило протокот на воздух.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ