Ботас појасни зошто забавил на крајот на трката

Валтери Ботас изјави дека на крајот на трката не се трудел да го задржи својот колега Хамилтон зад себе. 

Во последните кругови, Хамилтон беше втор кога доби казна од 5 секунди за неговиот судар со Александар Албон и беше очаен да ја надополни разликата и да не загуби подиум позиција. Мерцедес одлучија да не даваат тимски наредби и да побараат од финецот да го пропушти Хамилтон за да ја надомести разликата затоа што сметале дека тоа е многу ризично во дадената ситуација.

Ботас забави во последните два круга, но на крајот тоа не беше доволно за Хамилтон и британецот падна на 4та позиција зад Леклер и Норис кои останаа не повеќе од 5 секунди зад шампионот. Финецот беше 2.5 секунди побавен во претпоследниот круг но во последниот се обиде да го освои поенот за најбрз круг. Сепак, жолтото знаме за Даниил Квјат си го направи своето. 

Кога водиш сакаш само да го намалиш ризикот. Очигледно забавив и имаше жолти знамиња. Тогаш знаев дека може да се обидам за најбрз круг на трката, но не смеев да ги користам тротоарите – потсети финецот.

Хамилтон верува дека Ботас не забавил намерно.

Го видов Валтери при крајот. Го познавам и работиме доста во последните години. Знам дека не би направил такво нешто намерно бидејќи е тркач и сака да победи И му верувам на тоа што ќе каже.

Пред трката на квалификациите, последниот обид на Хамилтон беше уништен откако Ботас излета и поради тоа мораше да се задоволи со второто место. Сега повторно поради жолто знаме тој губи позиција. 

Тоа се несреќни инциденти. Сигурен сум дека е познато ова во Формула 1. Зборуваме отворено за се, Зборувавме за трката и нема никаква тензија. ТОј е искусен и знае што се случува. Важен е тимскиот резултат. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ