Ботас се откажал за да го сочува моторот

Алфа Ромео се одлучиле да го повлечат Валтери Ботас од трката за Големата награда на Саудиска Арабија за да не добијат казна за промена на мотор. 

Борејќи се за шеста позиција на Џеда, финецот беше повлечен во боксот во 46от круг. Тимот потврди дека имале проблем со ладењето и за да го зачуваат моторот морало да се откажат. 

Имав добра трка и видов дека ми прегрева моторот. Не можев да го оладам и имаше ризик тој да откаже. Подобро што се откажав отколку да го изгорам моторот – призна финецот.

Минатата година беше намален бројот на мотори кои може да се променат без казна и сега тој изнесува вкупно три мотори. 

Се надевам дека пак ќе го користам истиот бидејќи доколку продолжев ќе беше изгорен. Имавме добри перформанси, слични како во Бахреин и Мислам дека беше добра борба за 6та позиција.

Ова е нова патека и доста побрза. Се надевам дека ќе бидеме добри и на наредните трки. Стартот ми беше подобар од Бахреин, но сеуште не е перфектен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ