Ботас 9ти на Артичкото Рели

Формула 1 возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, имаше добар камбек по проблематичната прва етапа на неговото второ учество на Рели Артик Лапланд, дел од финското рели првенство.

Ботас возеше со Цитроен ДС3 ВРЦ со Тимо Раутианен, кој претходно беше совозач на Маркус Гронхолм со кој стигна до две титули во ФИА рели првенството во 2000 и 2002 година.

Првиот ден од релито беше тежок за Ботас кој се привикнуваше на снежните и ледени услови, завршувајќи на 22та позиција. Но, тој имаше многу посилен втор ден, пласирајќи се на 9то место севкупно. Ботас досега има учествувано на три рели настани, додека на вториот победи во 2019 година на Кот д’Азур.

По тежок прв ден и пласман на 22та позиција успеавме да се вратиме во топ 10 во последниот ден со Тимо. Возев во целосно нови услови со лоша видливост и многу снег на патеката. Научив многу. А и имав многу забава, што е најважно – изјави Ботас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ