Брандл го спореди Мерцедес со Ливерпул на Клоп

Коментаторот и аналитичар на британски Скај, Мартин Брандл, го спореди Формула 1 тимот на Мерцедес со фудбалскиот клуб Ливерпул под раководство на германецот Јурген Клоп.

Лани “сребрените“ ја имаа најлошата сезона од 2011 година и победија само на една трка под целосно новите правила. Годинава имаа оптимизам од новиот и подобрен В14 болид, но по тридневниот тест во Бахреин веќе не се толку убедени дека ќе се вратат на победничките патеки.

Германецот Јурген Клоп дојде на чело на Ливерпул во 2015 година и имаше многу успешен период освојувајќи ја Лигата на Шампиони во 2019 година, титула на кој клубот чекаше 30 години, а додаде и трофеи во ФА купот, Лига купот и Премиер лигата. Но, сезонава тимот има голем пад во формата и е надвор од борба за титулата уште рано во сезоната.

ситуацијата во моментов е чудна, видете го ливерпул на пример. можеби малите потреси и промени во персоналот носат недостаток на самодоверба, тоа е она што го гледаме во мерцедес во моментов. мислев дека лани многу брзо ќе ги средат сите проблеми со болидот и тоа многу брзо.

и овогодинешниот болид има проблеми. мора да работат на него и да ги средат проблемите и тоа многу рано. сетете се минатата година кога макс не освои поени на втората трка, сите мислеа дека титулата е недостижна за него, но ред бул се соземаа и ги решија сите проблеми – објасни брандл.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ