Брандл за Леклер: Инциденти, издржливост и казни

Мартин Брандл смета дека Леклер има лоша сезона откако не освои поени на трката во Шпанија.

Тој се квалификуваше на 19та позиција во Шпанија и на крајот стартуваше од боксот поради промени на болидот. Но трката ја заврши на 11та позиција.

Викендот беше доста чуден бидејќи Перез не влезе во К3 и покрај доминацијата на Ред Бул додека Мекларен имаа одлични квалификации но лоша трка.

Покрај Ред Бул мислам дека сите останати се доста близу како хаас, АлфаТаури, Алфа Ромео или Вилијамс. Квалификациите го измешаа гридот и Мекларен беше доста брз но на трката нигде го немаше. Јасно е дека Макс ќе победи но Мерцедес имаше силен болид за разлика од Астон Мартин и Ферари кои се мачеа. Патеката е брза и бараше многу застанувања за гуми за разлика од претходно. Јасно беше дека Серхио Перез ќе биде добар за разлика од Леклер кој немаше никаква брзина. Оваа сезона од Леклер видовме само инциденти, проблеми со издржливост и грид казни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ