Брандл: Кај и да стартува Ред Бул ќе заврши со 1-2

Коментаторот на британски Ѕку,Мартин Брандл, верува дека каде и да стартуваат возачите на Ред Бул ќе завршат со 1-2 победа поради надмоќноста на нивниот болид. 

Ред Бул има 100% учинок на трките оваа сезона и доминира на сите трки од почетокот. Нивниот болид е надмоќен со ДРС и понекогаш е побрз за 30 кмч од останатите болиди. 

Штета е што го прекршија буџетот минатата година бидејќи лесно беше за некој да проба да им парира, Но тие се доминантни и другите тимови и возачи мора да си завршат подобра работа. Со отворено задно крило тие се пребрзи за било кој од другите екипи. Нивната брзина е ненадминлива и другите тимови мора да се фокусираат. Нема да е лесно за останатите бидејќи мора да направат нов концепт и надградба нема да им помогне – смета британецот.

Грешка во квалификациите го однесе Верстапен на деветта позиција на гридот во неделата, но сепак тој извозе одлично до победа во Мајами. 

Претпазливиот Верстапен дури и загуби позиција во првиот круг, но со ДРС ги помина сите. Наместо два тима да се борат за победа или повеќе. сега го нема тоа. Но тоа не значи дека треба да се подобри тркањето. загрижен сум дека болидите со повеќе потисна сила не помагаат. 

Брандл смета дека скратувањето на ДРС зоните во Баку и Мајами не е ефикасно против Ред Бул. 

Успехот на ДРС на Ред Бул е фундаментален проблем за конкуренцијата и скратувањето на зоните не им помага на другите екипи, Но ФИА не може да направи ништо на таа тема. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ