Брандл: Мерцедес заостануваа секунда по круг

Мартин Брандл верува дека Мерцедес сфатиле колку многу заостануваат во однос на Ред Бул во Бахреин и почнале да се сомневаат во својот концепт.

Во пресрет на тркачкиот викенд, Луис Хамилтон демантираше дека тимот веќе има подготвен целосно поинаков болид кој би го поставиле на патеката доколку актуелниот со концептот на минимални странични делови се покаже лошо. Мартин Брандл, поранешниот возач и сегашен коментатор и аналитичар на британски Скај, смета дека трката на Шакир покажала дека Мерцедес прифатиле пораз на својот концепт откако завршиле 50 секунди зад победникот.

имаа очајни перформанси, двата болиди на мерцедес и двата болиди на астон мартин се бореа помеѓу себе, се обидуваа да го стигнат карлос саинз од ферари. луис хамилтон беше 50 секунди зад макс на крај од трката, а џорџ расел уште поназат. на квалификации им недостасуваа 6 десетинки по круг, а на трка околу секунда по круг, тоа е премногу – вели брандл.

По перформансите од Бахреин и изјавата на Џорџ Расел, Брандл не се сомнева дека можно е “биковите“ да победат на сите трки сезонава.

по трката џорџ кажа дека верува оти ред бул може да победи на сите 23 трки и иако тоа можеби беше емотивна и разочарувачка реакција, мора да прифатите дека тоа е можно ако се земе во предвид тоа што го видовме на шакир.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ