Браун бара поголема техничка слобода во ограничениот буџет

Извршниот директор на Мекларен, Зек Браун, повика на тимовите во Формула 1 да им се даде поголема техничка слобода откако серијата работи под ограничување на трошоците.

Воведени за сезоната во 2021 година, тимовите сега се ограничени во износот на пари што можат да ги потрошат во една сезона за развој на болидот, иако има некои исклучоци од тоа, вклучувајќи ги и првите тројца приматели на плати во секој тим.

Во 2021 година, на тимовите им беше дозволено да потрошат 145 милиони долари, при што границата постепено се намалуваше од година во година, со 140 милиони долари лимит во 2022 година, иако тоа беше зголемено за 3,1 проценти поради глобалната инфлација и зголемување на трошоците за енергија.

Сепак, сега лимитот е цврсто поставен, а Браун од Мекларен би сакал да види поопуштен технички правилник за да им овозможи на тимовите повеќе иновации.

Ако имате ограничување на трошоците, тогаш всушност треба да има уште некоја техничка слобода во рамките на ограничувањето на трошоците.

Тогаш ќе видите повеќе иновации и преземање ризик, а болидите ќе изгледаат уште поразлично.

Ако имате лимит, тогаш имате две насоки, односно дека мора болидот да изгледа на одреден начин и дека не можете да потрошите повеќе од дадената сума.

Треба да правиме што сакаме. Мислам дека би изнеле повеќе иновации и сите би учеле еден од друг.

Тоа се случи кога Браун го направи двојниот дифузер во 2009 година, тие имаа одличен почеток. Но до крајот на годината беше избалансирано, па мислам дека може да го постигнете тоа. Тоа е фасцинантниот дел од спортот.

Мекларен биле прилично блиску до лимитот во 2021 година

И покрај тоа што не можеше да се разбере колку точно Мекларен дошол до прекршување на 145 милиони долари во 2021 година, Браун призна дека имало тешки моменти кога се приближиле до истиот.

Нервозата е голема затоа што сакате да се доближите што е можно поблиску до лимитот – истовремено навестувајќи дека тимот е во рамките на еден милион долари од лимитот.

Доколку имате несреќа или нешто тргне наопаку тогаш би можело да ја завршите сезоната, но ние го тестиравме сето тоа во 2020 година.

Нашиот финансиски директор имаше многу појаснувања и можности да поставува прашања и направивме многу.

Федерико Лоди, шеф на финансиските регулативи во Ф,1 и ФИА завршија одлична работа.

Имаше јасност и ако имаше сомнеж, бевме во можност да поставуваме прашања.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ