Браун: Ботас не му остави простор на Расел

Рос Браун изјави дека е тешко да се каже кој е крив за инцидентот помеѓу Валтери Ботас и Џорџ Расел на Имола, но верува дека финецот од Мерцедес не му оставил доволно место на британецот. 

Тие двајцата се обвинуваа меѓу себе, додека Тото Волф изјави дека возачот на Вилијамс се довел во непотребен ризик. 

Сеуште има конфликт околу тој инцидент. Добро е што двајцата излегоа без повреди и болидите го издржаа сударот според безбедносните правила.

Имола е тесна патека и нема многу место. Имаше мокра трева веднаш до патеката.

Двајцата возачи треба да го анализираат инцидентот и да научат од тоа, но треба да се види и дека Валтери отиде прешироко и не му остави место на Џорџ – напиша браун во својата колумна.

Оперативниот шеф на тркачката серија има и различно мислење за борбата на стартот на Верстапен и хамилтон. 

Борбата од првиот свиок ја одреди трката. Верувам дека Макс го имаше првиот свиок бидејќи беше на линијата. Хамилтон требаше да попушти во такви услови, Требаше да мисли и на Перез кој беше зад него. За Хамилтон овој ден беше еден од оние потешките. Направи ретка грешка од која се поправи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ