Браун: Ботас сам ја загуби победата

Рос Браун смета дека неуспехот да победи на Тосканското Гранд При ќе има голем психолошки ефект над Валтери Ботас.

Ботас во 2020 година започна самоуверено и целеше да се бори за шампионската титула против Луис Хамилтон.

Валтери ќе замине од Тоскана верувајќи дека требал тој да победи, а беше во одлична форма откако го превзеде водството од Луис Хамилтон на самиот старт од трката. Но тој самоот ја предаде победата и сигурно ќе му пречи што претрпе уште еден пораз од моменталниот шампион.

Ова ќе боли многу и ќе го остави во прашалници, што треба да стори за да го победи тимскиот колега? Сеуште е во борба за титулата, но како што изминуваат трките, шансите се помали.

Сега е ментална битка, а тој ја има брзината, Но Луис не престанува, ја искористува секоја шанса и ретко кога попушта на конкуренцијата – напиша спортскиот шеф на формула 1 во својата колумна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ