Браун ги обесхрабрува сонувачите за влез во Ф1

Главниот извршен директор на Мекларен, Зак Браун, е поборник за проширување во гридот со нови тимови слични на Хаас кои се одржливи, наместо сонувачите кои може да ги снема преку ноќ. 

ФИА објави тендер за искажување интерес за влез на нови тимови во спортот, а повеќе екипи веќе појавија интерес како Андрети Кадилак кои долго се бори за место на гридот. Хаас е најновиот тим во моментов кој е во спортот од 2016 година и солидно се држи на гридот поради одлучноста и обврската која ја има. 

Би сакал да видам повеќе болиди на гридо, но се додека останат во спортот. Се сеќавам кога почнав во Формула 1 имаше предквалификации со 30 болиди за да има подобро шоу, Но за таков раст на гридот, мора да има тимови со ресурси за да порасне спортот – се присети американецот.

Целта на ФИА е преку интерен процес да се најдат соодветни кандидати, но сепак е јасно дека Формула 1 е елитен спорт. 

Мора да се најде тим како Хаас кој во последната декада се покажа како одличен. Мора да најдеме некој соодветен кој ќе остане во спортот.

Од мое искуство во повеќе тркачки серии, има многу сонувачи кои не може да го одржуваат тимот повеќе од две години. Симнувам капа на Хаас за обврската која ја прават за да останат во спортот и потребни ни се такви тимови. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ