Браун гледа позитивно на Мајами: Барем знаеме каде се проблемите

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, смета дека е важно да се биде транспарентен со фановите по тешкиот почеток на сезоната.

Екипата освои само 14 поени по првите пет трки, споредено со 46 поени колку што освоија по исто толку одработени трки лани откако имаа проблеми речиси на сите викенди до сега. Во пресрет на почетокот, тие веќе знаеја дека ќе имаат проблеми и дека нема да ја остварат зацртаната цел. Во Мелбурн донесоа новини и работите се подобрија, а двоен топ 10 финиш имаа и во Азербејџан.

Во Мајами се обидоа да се коцкаат со стратегијата со гумите, но не им се исплатеше затоа што деградацијата на меката компонента со која решија да почнат беше многу поголема одошто се надеваа. Браун посочи дека тимот бил искрен со нивото на перформанси до почетокот на годината, но очекува да се подобруваат константно од почетокот на европскиот дел од сезоната.

кога го промовиравме болидот андреа стела призна дека не очекува чуда во бахреин и дека ги промашивме целите, така што сметам дека треба да се биде искрен и отворен за критики, за тоа не сме виновни. продолживме со напорна работ и ни се исплатеше, но напредокот никогаш нема да биде праволиниски.

ми се допаѓа тимот уште откако го почнавме патешествието во 2017 година, иако многу се променивме како тркачи, но има уште работа пред нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ