Браун искрен: Парите ќе одлучат кој ќе го замени Виетнам

Рос Браун откри три главни кандидати за пополнување на најголемиот календар во Формула 1 историјата, односно замена за Виетнамското Гранд При.

жал ни е што не можеме повторно да одиме во виетнам, но ќе најдеме силен кандидат за негова замена – откри рос.

Италијанска La Gazzetta dello Sport го запраша британскиот инженер за заменска трка откако неодамна Анџело Стичи Дамиани, првиот човек на моторспорт федерацијата на Италија, најави дека притиска Имола да влезе во календарот.

видовме одлична трка на имола годинава, а исто така беше и во португалиај и во турција, така што се е отворено. да видиме како ќе се развиваат настаните.

Тој призна дека профитот на спортот оваа година е уништен од пандемијата, така што економската оправданост за Формула 1 при барање на замена за Виеннам ќе биде многу важна при носење на одлука.

нема сомнеж дека целиме да се вратиме во нормала следната година и комерцијалната гледна точка ни е приоритет. некои земји ќе бидат во подобра позиција од други и ќе може да ни достават комерцијално подобри понуди и ние тоа мораме одговорно да го земем во предвид. целиме да се вратиме на нормално финансиско ниво колку што може побрзо.

поради тоа потврдувам дека комерцијалниот аспект ќе има голем удел по ова што ни се случи годинава.

Многумина сметаат дека тркачкиот календар е предолг и преоптимистички, а отворањето на сезоната во Мелбурн ќе биде веднаш по строгиот карантин од кој ќе излезе Австралија.

во австралија во моментов е добро и стабилно што се однесува до ковид ситуацијата. сеуште не решиле како ќе го изменаџираат тенискиот австралија оперн, но работите се менуваат могу брзо и тоа на подобро, што ме пшрави оптимист.

знам дека австралија разбира дека формула 1 знае да се однесува одговорно кога посетува некоја земја, а речиси сигурно е дека до тогаш ќе пристигне и вакцината.

се сеќавам кога почнав да работам во формула 1 не вакцинираа дополнително пред да одиме во некои земји, така што и овој пат ќе се однесуваме одговорно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ