Браун: Мекларен нема да си купи место на Инди 500

Извршниот директор на Мекларен, Зак Браун тврди дека неговиот тим нема да си купи место на легендарната трка Индијанаполис 500.

Тимот не успеа да се квалификува на трката по драматичните квалификации каде шестмина се бореа за последното место на гридот. Алонсо беше во борба за третата позиција, но беше послаб од Кајл Каисер од малиот тим Јункос. Иако според правилата било кој тим може да си ја купи позицијата од друг, Браун отфрла било какво тргување.

Таму сме да се бориме, Не да си купиме место. Сакаме да ја заработиме позицијата, Секој може да си ја купи, а ние Сакаме да е заслужена.

Секогаш било тешко, но немаме оправдување, работата не беше завршена. Секоја чест на тие што завршија работа. Жал ми е што Мекларен и Фернандо нема да се ткраат. Знаеме дека погрешивме и ќе се поправиме – прифаќа одговорност зек браун.

По квалификациите вчера Жил Де Феран се извини на Алонсо и на тимот.

Би сакал да се извинам на сите затоа што Болидот не беше доволно брз.

Ти извозе како шампион. Во последните три дена видовме голема тензија и ти направи се што се бараше. Извини. Ти си одличен возач. Во изминатите 35 години тркање, ова беше најболното искуство – му се обрати де феран јавно на алонсо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ