Браун: Мекларен сака да се трка во ВЕЦ и ИМСА

Извршниот директор на Мекларен, Зек Браун, потврди дека тимот е заинтересиран за целосна нови фабрички тимови во ВЕЦ серијата на издржливост и американскиот пандан, ИМСА шампионатот. 

Ова е одговор на плановите на двете серии да ги спојат врвните прототип категории во една класа наречена ЛМДх или Ле Ман Дајтона хибрид. Тоа значи дека тимовите ќе може да се тркаат со истиот автомобил во двете серии без дополнителни трошоци. 

Најавата се случи на 24 часа Дајтона, но повеќе детали се појавија во Себринг во Март. Сепак, поради пандемијата сеуште ситуацијата нема разрешница, а последниот план е тоа да се случи на 24 часа Ле Ман во Септември. 

Ја разгледуваме таа можност и Мислам дека е идеално да сме во Формула 1, ИндиКар и спортски автомобили. Сите имаат своја цел и си помагаат меѓусебно – смета американскиот шеф на мекларен.

Браун веќе е косопственик на United Autosports тимот со Ричард Дин. Тој изјави дека е фан на тоа што го прават ВЕЦ и ИМСА сериите, но призна дека сеуште треба да се видат деталите за новата класа пред финална одлука. 

Ќе одиме чекор по чекор, постепено. Не очекува Формула 1, сега влеговме во ИндиКар и треба да видиме што ќе се случи со правилата. Мислам дека ќе биде се како што треба, но не знам дали ќе се случи во 2022 или 2023 година. 

Зек сака да се осигура дека Мекларен ќе биде воден од Андреас Сеидл како дел од средувањето и да се обврзе на новиот ИндиКар тим. 

Мислам дека сме на вистински пат под водство на Андреас, ИндиКар оди во вистинска насока и работиме напорно на наредниот бизнис план. Овие одлуки им треба време да се состават и има попатни станици. Имавме добри денови и лоши денови, Но продолжуваме и мислам дека ќе почнеме да се тркаме и со спортски автомобили. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ