Браун не ги сака моторхоумовите

Како дел од напорите Формула 1 да стане карбон неутрална односно да не емитира јаглерод во атмосферата, Рос Браун сака серијата да нема повеќе екстравагантни моторхоумови кои се дел од европските трки од календарот.

Минатата година спортот објави дека има намера да стане карбон неутрален до 2030 година, да се намали емисијата на штетни гасови во атмосферата како и да се користи поефикасна логистик за патување на целокупниот тркачки циркус.

Плановите на тркаката серија се амбициозни, но шефовите веќе се зафатија со остварување на истите. Рос Браун, оперативниот шеф на спортот откри дека размислуваат за различни форми на транспортот, повеќе користење на воови и бродови, а дополни и дека деновите на моторхоумовите кои изгледаат како палати се одбројани.

разгледуваме начини на транспорт на целокупната опрема која ја користиме. во моментов гледаме алтернативи во сите можни форми на транспорт, а возот е многу ефикасен во пренесување на товари. морскиот пат исто така е ефикасен начин за пренесување, така што разгледуваме како да ја направиме ефиксна логистиката и како да ги намалиме штетните последици од неа.

потоа тука се и моторхоумовите. сите одиме на трки, а на 9 трки во годината имаме моторхоумови кои се влечени од камиони, огромни камиони, најголеми што може и тие им ги даваат на тимовите сите работи кои им се потребни. останатите 15 трки се задоволни со тоа што ќе го добијат кога ќе се појават на почетокот од тркакиот викенд во четврток.

одиме на прекуокеански трки како на пример во баку и имаме одлични услови за работа и домови за екипите. никој не се жали и сите без никаков проблем работат.

потоа одиме во монца и имаме огромни камиони кои транспортираат цели куќи. во иднина сакаме овој дел да има многу помал проблем во однос на логистика и транспорт одошто тоа е ситуација сега – појасни браун.

Motorsport.com лани објави дека 10те Формула 1 екипи заедно со Пирели, ФИА и Формула 1 користат точно 315 камиони за пренос на товарот низ трките во Европа, а главната серија која ја поддржува Формула 1, односно Формула 2, корити уште 60 што е огромнен број на километри и потрошувачка на дизел гориво.

Дополнително, календарот не е така структуриран за да ги минимизира дистанците кои се возат. Австрија од Будимпешта е само 400 километри, но тие трки никогаш не се една по друга. Во моментов од Спилберг се патува до Силверстон, а пото назад во Будимпешта што е вкупно 3.400 километри.

Разликата од сите тиее 375 камиони да поминуваат 400 килоетри и 3.400 километри е всушност 1.125 милиони километри, а потроувачката на дизел гориво огромна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ