Браун објасни зошто јавно го критикувал Рикардо

Зек Браун привлече внимание со својата изјава минатиот месец дека Даниел Рикардо не ги оправдува очекувањата кои Мекларен ги имале од него, а Главниот извршен директор на компанијата откри зошто го изјавил тоа.

Потоа австралијанецот изјави дека воопшто не ги сфатил негативно забелешките и коментарите од шефот и ги искористил како мотивација, а Џенсон Батон застана во одбарана на возачот велејќи дека тимот мора да ги штити своите пилоти.

Следуваа шпекулации дека иднината на возачот не е воопшо сигурна, а запрашан зошто го дал коментарот, Браун одговори дека добил прашање на кое искрено одговорил.

ме прашаа прашање и дадов искрен одговор, а мислам дека и даниел го кажа истото. собрани сме за да стигнеме до врвот, тоа е заедничката цел.

имавме фантастични викенди како на монца, но и некои разочарувачки и секое враќање во болидот не им даваме пакет на нашите возачи кој е способен да се бори за врвот редовно. тоа треба да го поправиме.

со даниел имаме одличен однос и само дадов искрен одговор на пашање какви се работите во тимот, а свесни сме дека можеме подобро. ќе работиме напорно и сигурен сум дека во иднина ќе бидеме подобри – посочи американскио шеф.

Тој не пропушти да ја потенцира и својата верба во возачот затоа што знае дека може многу повеќе доколку добие болид кој му одговара на неговиот ситл, како што беше слчајот во Монца лани.

даниел покажа во монца лани дека кога ќе му дадеме болид кој му одговара, многу е брз, води и победува. мислам дека треба да го направиме токму тоа, да му дадеме подобар болид со кој ќе ја заврши работата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ