Браун: О’Вард и уште еден возач ќе возат во Т1 за Мекларен

Зак Браун потврди дека возачот на Мекларен од Индикар, Пато О’Вард, е главен кандидат за појавување на петочна сесија оваа година со Мекларен, но тимот исто така гледа да проба можеби уште еден возач од американската тркачка серија.

Оваа година, спортските правила на Формула 1 ќе бараат секој тим да користи помлад возач на најмалку две слободни тренинг сесии. О’Вард уживаше во својот прв Формула 1 тест со Мекларен минатиот Декември на пост-сезонскиот тест на спортот во Јас Марина.

Возачот на Ероу Мекларен СП беше толку воодушевен од неговото возење што би размислил да се префрли во Формула 1 доколку се оствари можност.

Мораме да ставиме некого на две Т1 сесии, според правилата на Формула 1 – изјави зек Браун за медиумите минатиот викенд во Санкт Петерсбург, каде што Мекларен присуствуваше на отворањето на сезоната во ИндиКар.

Сè уште не сме одлучиле кого да ставиме, но тој сигурно е кандидат. кога и ако некој ќе влезе во Формула 1, ќе биде повеќе за тоа како ќе оди, затоа сакаме да тестираме како се справуваат со Формула 1 болидот.

Во ред, победата овде во ИндиКар е добра работа, Но ние сме повеќе заинтересирани за нашите Формула 1 тестирања, правејќи некои споредби со Ландо и Даниел и други возачи.

Но, Браун навести дека О’Вард не е единствениот возач од ИндиКар кој би можел да учествува на Т1 сесија оваа сезона.

Може да има уште еден во овој падок – одговори американецот на прашањето кој друг возач би можел да вози во петочните сесии во Ф1.

Колтон Херта од Андрети Аутоспорт неизбежно доаѓа на ум како втор кандидат за Мекларен со оглед на самопрогласените амбиции за Формула 1 на сопственикот на тимот Мајкл Андрети, но и со оглед на неговата блиска врска со Браун. Навистина, двајцата се партнери во заедничкиот тим во Extreme E и Supercars преку нивните соодветни тимови Andretti и United Autosports. На прашањето дали Херта ќе одговара за петочното утринско возење, Браун рече:

Колтон е многу добар, Многу добар, Тој беше многу импресивен.

Запрашан за можноста Херта да го има своето деби во Ф1 на слободните тренинзи оваа сезона, срамежливиот Мајкл Андрети даде саркастичен одговор:

Ако ме праша убаво!

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ