Браун очекува Ф1 да биде конкурентна како Индикар

Главниот извршен директор на Мекларен, американецот Зек Браун, смета дека Формула 1 се движи во вистинска насока и дека наскоро 4-5 екипи ќе имаат шанса за победа на секоја трка.

Врз база на предсезонскиот тест минатата недела во Бахреин, се посочува дека Ред Бул, Ферари и Мерцедес ќе бидат на врвот и сезонава, но зад нив ќе има огромна борба во која се чини дека Астон Мартин ќе биде во преден план.

нетрпелив сум за првата трка која  ќе биде огромна борба. мислам дека ќе почнеме да гледаме индикар ниво на конкурентност каде може да сте една недела на 7мо мест, а следната да победите или да бидете 17ти, а да не сте многу побавен од победникот.

во индикар може еден викенд да сте на пол позиција, а следниот да сте 16ти и тоа ја прави серијата возбудлива. формула 1 ќе дојде до тоа ниво кога 4-5 екипи ќе се борат за победа и ќе има разновидност секоја трка. во моментов, сите треба да ги стигна ред бул – објасни браун.

Тимот од Вокинг имаше тешка предсезона со многу проблеми поврзани со издржливоста на болидот и лоши перформанси, а заршија како екипа со најмала километража од сите 10 тимови на гридот. Зек смета дека напредокот во текот на сезоната ќе ги донесе напред на гридот, но на почетокот не очекува успех.

не сме задоволни со болидот во моментов и тоа е јасно, нема потреба да се правдаме, знаеме каде сме. но, имаме развој кој брзо ќе дојде и се надеваме дека многу побрзо ќе се развиеме од конкурнтите и ќе ги стигнеме затоа што така е во средината.

ред бул се први, потоа следуваат неколку болиди и потоа е средината. последните три кипи ќе бидат многу брзи и многу блиску еден до друг, мислам дека ќе има десетинка помеѓу нив. видете колку е добар вилијамс на тестот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ