Браун призна: И со новиот под имаме преголем отпор

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, призна дека болидот на тимот има преголем отпор и покрај тоа што имаа значителна промена на подот.

Тимот го донесе новиот пакет новини минатата недела во Баку со кои смета дека всушност требало да ја почнат сезоната, следејќи нова филозофија на подот со цел да ја решат ефикасноста на болидот.

Но, новиот под донесе мало подобрување на перформанси штом беше монтиран на болидот минатиот викенд низ Баку, така што неефикасноста на болидот остана, а Ландо Норис не успеваше да го претекне Нико Хулкенберг во текот на трката.

сеуште имаме многу отпор што е очигледно, така што треба да создадеме потисна сила, но без при тоа да го зголемуваме отпорот.

донесовме нови делови на болидот, знаевме од почетокот на сезоната дека ќе иаме бавен старт, таак што беше добро да се види дека тимот завршил добра работа со новите делови. на следните трки ќе имаме и повеќе, но да не заборавиме дека и останатите девет екипи ги подобруваат своите пакети – објасни браун.

Новиот спринт формат кој беше премиерно возен во Баку со само една 60-минутна тренинг сесија воопшто не му помогнал на тимот да направи проценка на новините. Поради тоа, Зек смета дека ќе може да се извадат дополнителни перформанси во Мајами.

мислам дека сеуште има перформанси за вадење зато што во баку имаше спринт трка, а ни требаат неколку сесии за целонсо да ги разбереме и подесиме новините. мислам дека многу ќе научиме во текот на овој викенд.

Новините донесени во Азербејџан ќе бидат први од неколку кои ќе се носат до пред летната пауза. Развојот го води новата техничка структура во Вокинг која ја имплементираше тимскиот шеф Стела.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ