Браун се потсетува на клучниот совет од Брандл

Зак Браун од Мекларен се потсети на клучниот совет кој го добл од Мартин Брандл во првата година на чело на Мекларен. 

Браун беше донесен од Рон Денис во 2016 година за да се погрижи за комерцијалниот дел, но сега веќе го води тимот кон успех. 

Кога го превземав Мекларен, мојата позадина беше во повеќе тимови и серии. Морав да бидам посмирен, нешто како Швајцарија, за да можам да водам бизнис со сите и да нема голема конкуренција помеѓу мене и другите тимови.

Се сеќавам на совет на мартин Брандл кој ми го даде за време на трката на Спа. Имаше доста лоши зборови и нема да ги повторам точно, Но ми рече да го променам мојот стил и да бидам пријателски расположен со сите во падокот, а во исто време да бидам конкурентен и тврд – се присети американецот.

Тој призна дека промената на односот му помогнала да успее со Мекларен. 

Беше интересно да се стекне почитта на конкуретнските тимови. Мислам дека стекнав доста почит. Тешко е да се привлечат возачи, спонзори и персонал во ваков спорт. Мора да се донесат тешки одлуки. Во моментов ги имаме најдобрите возачи и мислам дека тоа е поради тоа што сме интересни и популарни. 

Браун се потсети на некои настани од минатата сезона како надминатиот буџет на Ред Бул и ситуацијата со Оскар Пиастри. 

Сакам да изградам возбудлив тим кој фановите ќе го сакаат. Нашата цел е да ги победиме конкурентите и нивната е иста. Мора да сме транспарентни за сите да ја сфатат нашата позиција. Давам се од себе да се тркаме со големите тимови, но секако тоа не е лесно и мора да ја кренеме играта на ново ниво. Моите резултати се гледаат на долг план не на следната недела. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ