Браун сигурен: Екипите нема намерно да го уништуваат следењето

Оперативниот шеф на Формула 1, Рос Браун, е сигурен дека екипите нема намерно да бараат начин за да го отежнат следењето согласно новите правила и да им ја отежнат работата на ривалите зад себе.

Главна цел на овогодинешнтие целосно нови технички правила е да се дозволи болидите многу полесно да се следат на начин што потисната сила ќе се генерира од подот на болидот наместо како досега од крилата поставени насекаде. Аеродинамичкиот пакет беше смислен од страна на инженери од Формула 1 и ФИА, а правилата се многу рестриктивни со цел да се намали можноста за слободна интерпретација и “сиви зони“.

секое губење на способност болидите да се следат еден со друг ќе биде случајна последица од трката по перформанси. не мислам дека ниту една екипа ќе има за цел да му наштети на следењето на болидот зад себе затоа што нема доволно време и ресурси да се направи тоа. се брка време по круг и по мене така и ќе остане.

како последица на трката по перформанси може да видиме жестоко следење помеѓу болидите, мислам дека ќе биде многу подобро одошто беше затоа што болидите беа очајни во тој сегмент. ако сме 5% полоши од предвиденото сепак ќе бидеме многу пред она што го нудеа новите болиди и ќе бидеме сигурни дека многу сме еволуирале – посочи рос.

Шефот на отворените едноседи во ФИА, Николас Томабазис, е убеден дека екипите ќе се концентрираат на една цел, а тоа е да си ги направат сопствените болиди побрзи.

јасно е дека аеродинамичарите ќе работат на најдобри можни перформанси на нивните болиди во однос на конкурентите. начинот на развој се прави во воздушен тунел и преку компјутерски симулаци, а исто така и фактот што болидот многу време вози во слободен воздух пред себе значи дека мора да се дизајнира болид кој ќе се однесува така.

примарна цел е да се биде колку што може побрз, тоа е тоа. не очекуваме никој да работи за да го забави тој зад себе, туку да мисли само на развој – посочи томбазис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ