Браун смета дека има шампионски потенцијал во Пиастри

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, смета дека во неговиот млад дебитант, Оскар Пиастри, има шампионски потенцијал судејќи по перформансите на првите три трки од сезоната.

Тимот од Вокинг предвреме се раздели од Даниел Рикардо по крајот на минатата сезона поради неисполнување на очекувањата, а на негово место дојде младиот Пиастри како првак од Формула Рено Еурокуп во 2019 година, Формула 3 во 2020 година и Формула 2 во 2021 година. Годинава Мекларен има проблем со својот МЦЛ60 болид кој има голем отпор и голема осетливост на промена на балансот во услови на мал грип, но и покрај тоа, Оскар дојде до своите први поени преку 8то место на домашната трка во Мелбурн, а беше и 10ти низ улиците во Баку.

импресионирани сме од него, многу е фокусиран и не прави никакви грешки додека ги бара границите на болидот кој го имаме. не ни возел на сите патеки од годинешниот календар, а првичните податоци и нивната анализа покажуваат дека имаме иден шампион во тимот, но мораме да му дадеме посилен болид за тоа – посочи зек.

Комплименти за Оскар имаше и тимскио шеф Андреа Стела кој е полн со пофалби, додека неговиот колега, Ландо Норис, откри дека австралијанецот многу повеќе го притиска од неговиот поранешен колега, Даниел Рикардо.

оскар е импресивен откако го сместивме во болидот, многу е зрел, фокуисран и полн со техничко знаење. комбинацијата од ландо и оскар е совршена, не може да имаме подобар тандем – заврши американецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ