Браун тврди: Никој нема да има магично стапче кај новите правила

Оперативниот шеф на Формула 1, Рос Браун, е сигурен дека никоја екипа нема да има магично стапче кај новите праивла и дека никоја екипа нема да има некоја драстична предност во однос на останатите.

Откако новите правила за прв пат беа претставени се појавија шпекулации дека некои од конкурентите ќе искористат таканаречено сиви зони и ќе имаат голема корист од промените. При претходната промена на правилата, токму екипата на Рос Браун смисли двоен дифузер и вукбално се прошета до титулата, особено на почетокот од сезоната.

никој нема магично стапче, да постоеше такво нешто, до сега ќе го спречевме. нема гаранција дека нешто може да се случи што не сме го очекувале и мислам дека нема да стане збор аз нешто такво, но да видиме во барселона, веројатно некој ќе биде побрз од останатите.

не мислам дека енкој ќе доминира затоа што правилата се робусни, тврди. но, никогаш не вели никогаш. тоа сигурно – посочи браун.

Британскиот инженер посочи и дека новиот систем на раководење кој го воспостави ФИА каде нема да се бара едногласност при промени, многу ќе помогне. Повеќе од јасно е дека било какво скапо платено истражување во врска со болидот може скапо да чини со ограниено трошење, така шт оекипите не смее да си дозволат грешки.

токму поради тоа се промени начинот на раководење и носење одлук, не само поради тоа што скаме да бидеме во можност брзо да менуваме одуки туку и поради тоа што сакаме екипите да бидат свесни за тоа.

екипите ќе сакаат да имаат целосна верба во своите идеи и концепти пред да ги реализираат. се работи за круг, ако знаете дека осум екипи, фиа и формула 1 може да во сопрат од нешто ако сметаат дека е погрешно, тогаш ќе внимавате знаејќи дека може да се пјави проблем. раководењето и носењето одлуки дава двоен слој заштита.

Главниот и одговорен за оторените едноседи во ФИА, Николас Томбазис, потенцираше дека инженерите работат непосредно со екипите за да се воочат било какви контроверзии пред новите болиди за прв пат да се појават на тркачки викенд.

знаеме дека некои болиди се веќе претставени и во тек се индивидуални сесии со екипите за да се види легалноста на нивните болиди за да избегнеме можност за било какви нечсни работи кои потоа ќе донесат обвинувања.

веќе видовме неколку изненадувања, некои делови кои мислевме дека ќе бидат поинакви, а инженерит ги воведоа сопствените иновации таму за да дојдат до решение. мислам дека ќе видиме многу разлики помеѓу екипите за почеток.

во проверките на секој тим одделно, буквално го растураме целиот болид од врвот до опашката. тој процес проверува се и трае неколу часови, а потоа седнуваме со нив и разговараме.

не се фокусираме само за еден дел од болидот, туку го проверуваме буквално секој аспект.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ