Браун: Ф1 мора да внимава со промените во спринтот

Оперативниот и спортски шеф на тркачката серија, Рос Браун, изјави дека спортот мора да е претпазлив со промени во спринт форматот кој се докажал како успешен. 

Шестата спринт трка која се одржа викендов во Бразил, се покажа како доста успешна и можеби најинтересна до сега, откако Расел стигна до победа пред Верстапен. Наредната година е договорено да се одржат дури шест спринт трки, но сеуште не се познати локациите. 

Трката беше многу интересна. Мислам дека се беше до патеката која покажа дека мора да се внимава на изборот наредната година.

Еволуцијата на форматот мора добро да се размисли пред да има промени, Но мислам дека оставивме добри темели во моментов.

не треба многу да се менува, Квалификациите беа одлични и навистина уживавме. Во моментов не може да шпекулирам бидејќи не е фер за ФИА и тимовите, Но имавме некои презентации кои не донесоа големи промени – посочи искусниот британски инженер.

Сакавме да имаме шест трки и се договоривме, Но сега треба да се договориме за патеките. Мислам дека моменталниот формат е добар и функционира. 

Браун посочи дека правилата за парк ферме го прават вториот тренинг покорисен.

Во петокот разговаравме со Формула 1 комисијата за парк ферме и значењето на вториот тренинг, Но мислам дека ќе има само еволуција, а не револуција. Имаме листа на патеки кои би биле добри за спринтот. Бразил е една од нив. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ