Валтери ужива во адреналинот на “бесната“ Џеда

Валтери Ботас е голем ентузијаст и длично расположен за новата патека на која Формула 1 гостува викендов.

Неговиот колега, Луис Хамилтон, беше најбрз на двете тренинг сесии во Петок, додека финецот напредуваше од 3то место во првиот дел, на едно пдобро во вториот.

патеката е навистина кул, бесна е, долго време се вози под полна гас во ситуација во која сте многу блиску до оградата при голема брзина. но, тоа го сакаме, во тоа уживаме и тоа ни го покажува адреналинот.

гужвата понекогаш може да биде голем и тежок предизвик затоа што правците ретко се буквално прави, често се малку накривени и се вози на слепо – посочи ботас.

Многумина очекуваа грипот да биде проблем, особено поради тоа што се работи за целосно нова патека, но тоа не беше така од самиот почеток на возењето.

првата сесија беше подобра од тоа што очекував, малце имаше прашина, но ништо опасно. беше добро да се добие потврда колкав грип има овдека затоа што почетното сетирање се базира на нивото на грип, а овдека тоа е одлично.

завршиле одлична работа со асфалтот, има многу грип иако е нов. јасно е дека имаме и други тркачки серии со нас викендов и веќе возеа по патеката која екор по чекор се подобрува. нема нерамнини, освен може 22та и 27та кривина каде има малку, но убаво е и многу е мазно – опиша валтери.

По двете петочни сесии во кои на втората се работат симулации на трка, екипите веќе почнаа да ја осмислуваат стратегијата за трка.

најголемо изненадување беше што гумите многу издржуваа и поради тоа не сум многу сигурен колку пати ќе менуваме на трка. сите компоненти се чини дека се одлични овдека иако се чувствува како софт по малку попушта не летечките кривини.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ