Ван дер Гарде: Латифи не е доволно добар за Ф1

Поранешниот Формула 1 возач, Гидо ван дер Гарде, не е сигурен дека единствениот дебитант во спортот годинава, Николас Латифи, е доволно добар да биде дел од врвната моторспорт тркачка серија.

Холанѓанецот кој во 2013 година се тркаше за Катерхам смета дека канадскиот Формула 2 ветеран ќе се мачи крај Џорџ Расел оваа сезона во Вилијамс.

не мислам дека латифи е доволно добар за формула 1 и ќе му биде многу тешко крај расел. во џорџ гледам огромен талент што веќе го покажа во формула 3 и во формула 2. латифи е во формула 1 во моментов, но со себе носи многу пари за да го осигура преживувањето на вилијамс – смета ван дер гарде.

Вилијамс влегоа во криза откако нивниот голем спонзор, полски Орлен, замина од Гроув заедно со Роберт Кубица кој значително заостануваше зад Расел. Латифи минатата сезона паралелно со тркачката Формула 2 програма беше и резервен возач во Вилијамс и доби неколку петочни сесии. Инаку, Николас е син на Мајкл Латифи кој има 10% удел во Мекларен.

не ме импресионира николас латифи како возач – заврши ван дер гарде.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ