Васур демантира дека разговарал со Хамилтон

Тимскиот шеф на Ферари, Фредерик Васур, демантира дека тимот од Маранело водел било какви преговори со Луис Хамилтон околу негов ангажман во тимот догодина, иако призна дека секоја екипа сака седумкратен првак во своите редови.

Актуелна вест периодов се преговорите на Луис Хамилтон со Мерцедес, а медиумите почнаа со шпекулации дека можно е тој да не се договори со “сребрените“ и да дојде до рокада помеѓу него и Шарл Леклер. Васур има одличен однос со Луис кој возеше во неговата Формула 3 и ГП2 екипа и останал во добар контакт од тогаш.

пред две недели го пртивте карлос саинз во ауди, а една недела потоа шарл леклер во мерцедес и сега јас сам останав. свесен сум дека сме во дел од сезоната кога секоја недела ќе читаме различна приказна, но тврдам дека не сме му понудиле ништо на луис хамилтон, не сме разговарале со него иако свесен сум дека секоја екипа од гридот би сакала да го има како возач – вели французинот.

моите разговори со хамилтон пред 20 години беа секојдневни и нема да престанам да зборувам со него поради ваквите измислени шпекулации.

Запрашан дали имало потреба да ги убедува своите возачи во врска со гласините, Фред се изнасмеа.

тие мене не ме убедуваа во ништо кога минатите недели ги праќавте во заубер.и мерцедес, не дојдоа да ми кажат да не се грижам дека не е вистина. ние сме навикнати на тоа и знам дека секоја недела ќе има нешто ново поради што јас сум фокусиран само на мојата работа.

Тимскиот шеф инсистира дека во Маранело не гледаат причина да брзаат со било какви продолжување на договорите со двајцата возачи.

ви кажав дека пред две недели шпекулациите беа други, а ние знаеме дека најважно во моментов е да останеме фокусирани на развојот сезонава. за неколку месеци ќе разговараме за иднината, има време.

не сакам да зборувам за никакво продолжување на договори и тоа нема да се смени. ја кажав мојата позиција, развојот и напредокот се најважни во моментов за да можеме да се бориме со ред бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ