Васур: Заспаниот Мерцедес ќе се разбуди

Шефот на Ферари, Фред Васур, верува дека заспаниот Мерцедес набрзо ќе се пробуди. 

Скудерија беа втори најдобри на квалификациите зад Ред Бул откако Шарл Леклер и Карлос Саинз стартуваа зад Макс Верстапен и Серхио Перез во Бахреин.  Деградацијата на гумите ги направи трет најбрз тим зад Астон Мартин. 

Хамилтон и Расел завршија на 5та и 7ма позиција и не беа во можност да му парираат на Саинз. 

Доколку го видиме првиот дел од трката, бевме блиску до Ред Бул и потоа бевме зад Астон Мартин. Но, ова е прва трка и рано е за заклучоци.

Мислам дека Мерцедес ќе се пробудат, но останува да видиме што ќе се случи наредната недела. следната трка е различна приказна во Џеда, Различен асфалт и ќе видиме по трката, на која мислам дека ќе имаме појасна слика за сезоната – посочи францускиот шеф на најтрофејнот тим на гридот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ