Васур: Леклер и Саинз одлучија да се коцкаме со стратегијата

Ферари ги задржаа четврттото и петтoто место на Канадското ГП, откако се согласија да се коцкаат со ризична стратегија.

Фредерик Васур откри дека стратегијата на Ферари во Големата Награда на Канада била поттикната од возачите и била коцкање.

Почнувајќи од 10то и 11то место во Монтреал, и Шарл Леклер и Карлос Саинз возеа со медиум пневматиците во првиот стинт, но не влегоа во боксот под безбедносното возило на Џорџ Расел.

Ова ја создаде предноста што ги подигна и двајцата возачи во поредокот и позицијата на патеката, избегнувајќи го ДРС возот во кој беа заглавени.

Она што Васур го нарече „коцкање“ функционираше бидејќи Леклер и Саинз ги освоија четвртото и петтото место, што е пристоен резултат по лошите  квалификации за тимот.

Секогаш имате одредено двоумење, но и двајцата возачи ни рекоа дека имаат темпо кога не се заглавени во сообраќајот и дека има потенцијал – изјави Васер за медиумите, за одлуката да останат надвор.

Тие побараа само малку чист воздухи најдобриот начин да го направите тоа беше да не влегуваме во бокс, но тоа беше коцкање бидејќи ако имате уште едно безбедносно возило 15 круга подоцна, тоа е малку потешко.

На Саинз му било кажано да не го напаѓа Леклер за време на оваа фаза од трката, но Васур негираше дека тоа е тимска наредба да го заштити Леклер, додека Ферари се обидуваа да играат тимска игра.

Тоа не се случи бидејќи сакавме да заштитиме некого – рече тој.

Стратегијата во овој момент од трката беше да се притисне, за да се избегне губењето време борејќи се меѓу себе додека се обидувавме да создадеме разлика со Окон и Норис.

Да се бориме заедно и да изгубиме време би било глупаво.

Тие се слободни да се тркаат заедно, но во оваа ситуација тоа би ги казнило двата болида.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ