Васур оптимист: Ферари може да победи годинава

Тимскиот шеф на Ферари, Фредерик Васур, е оптимист дека неговата екипа може да триумфира на Гранд При трка годинава.

По Монако, Ферари беа критикувани дека имаат проблеми како со перформанси и константност, така и со стратегијата каде ги повторуваат грешките. Тимскиот шеф застна во одбрана на екипата дека направените грешки не биле катастрофални.

можеме да победиме на неколку трки годинава  – оптимистички посочи фред.

Надеж за Ферари се новините кои требаше да бидат воведени од Имола, но беа одложени за Шпанското Гранд При кое е на програмата викендов.

работиме напорно и мотивирани сме како и секогаш. се надеваме дека ќе имаме одличен викенд во шпанија каде ќе донесеме новини, но не значи дека филозофијата на болидот ќе биде променета. простор за подобрување на перформансите постои, но погрешно е да се промени концептот на болидот на средина од сезоната.

се надевам дека ќе имаме напредок во барселона, но тоа не е крај на нашиот планиран развоен пат за оваа сезона – посочи тимскиот шеф.

Француинот призна дека централно место во пакетот кој ќе биде донесен во Каталонија е развојот на суспензијата.

се надевам дека со новите делови ограничувањето кое го пријавуваат возачите ќе се намали.

Запрашан да ги спореди новините со ревидираниот Мерцедес кој дебитираше во Монако, тој изјзави:

сите се фокусирани на перформанси на својот развој и своите проблми, така што ќе биде погрешно да се споредуваме со останатите во однос на новините, но мислам дек а сите многу силно притискаат.

штом ќе го извадиме потенцијалот од болидот, кој знаеме дека го имаме, ќе почнеме да се бориме на врвот од поредокот и за победи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ