Васур признава дека недоразбирање довело до лошиот резултат на Силверстон

Ферари заврши на деветтото и десеттото место на Силверстон во она што беше лош ден за Скудерија, а одредено недоразбирање било клучно во резултатот.

Шефот на Ферари, Фредерик Васур, призна дека тимот бил исплашен поради заканата од деградација на гумите на Британското ГП што не се оствари.

Тимот ги стартуваше и Шарл Леклер и Карлос Саинз со медиум пневматиците во Силверстон, а Леклер беше поставен на конвенционална медиум-хард стратегија пред да влезе во бокс во 32 круг под безбедносното возило повторно за медиум.

Деградацијата на пневматиците не беше фактор во трката, што беше потврдено од Џорџ Расел кој стартуваше со користен сет на меки и стигна до 28от круг, додека Макс Верстапен и Луис Хамилтон беа меѓу оние кои ги ставија софт во нивните единствени питстопи.

Ферари на крајот го освои деветтото и 10то место преку Леклер и Саинз во разочарувачки ден, откако се најдоа на четвртото и петтото место на стартот, а Васур призна дека во тие моменти размислувале за лекциите од почетокот на сезоната.

Имавме чувство по Квалификациите дека можевме да завршиме многу подобра работа од ова – изјави Васур.

Не можеме да бидеме среќни кога ќе завршивме на 9то и 10то место, но сега треба да погледнеме длабински на викендот, а не само на трката.

Мислам дека не возевме долг стинт во петокот, користевме само софт соединение и Шарл беше заглавен во гаражата. бевме малку исплашени од деградацијата на гумата.

Веројатно некаде во умот размислувавме на првите трки од сезоната, но бевме премногу конзервативни со управувањето со гумите и не притискавме доволно.

Немавме среќа со безбедносното возило, но ова не е во наши раце, не треба да размислуваме за ова, треба да размислуваме за тоа што можеме да го контролираме.

Се боревме со Расел и мислевме дека ќе го претекнеме, но сега по трката, сосема е лесно да се каже дека требаше да притискаме повеќе со гумите.

Но, мислам дека не загубивме најмногу оваа фаза од трката, тоа беше кога ставивме хард гуми на Шарл, извозевме нешто како 10 или 12 круга пред безбедносното возило и степенот на деградација беше нула.

Тоа беше погрешно разбирање на податоците, поттикнато од петокот кога Леклер го пропушти Т2 поради електричен проблем.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ