Васур: Унгарија беше трка со две различни половини

Шефот на Алфа Ромео, Фредерик Васур, смета дека по крајот на Унгарското Гранд При, има мешани чувства поради тоа што Раиконен донел нови 8 поени со своето 7мо место, а Џовинаци разочарувачки финиширал на 18та позиција, втор најлош пласман за тимот годинава.

По квалификациите, италијанскиот возач на тимот се соочи со казна од три позиции пред стартот по што целата трка беше многу тешка за него. Но, Кими многу искусно со 8ми финиш во поени на 12те трки извозени сезонава ја подигна Алфа Ромео до 7мо место кај конструкторите и само седум поени зад фабричката екипа на Рено.

за тимот ова беше трка од два различни дела. кими имаше одлично возење и чиста трка, одолеа на притисокот од ботас последните неколку кругови така што седмо место беше максимум денеска и поради тоа сме задоволни од резултатот.

за антонио, тој почна од 17то место и знаевме дека ќе се мачи на оваа патека. дополнително, имаше и проблеми со првиот сет на гуми што значи дека му беше многу тешко да напредува – објасни васур.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ