Вебер: Верстапен сеуште не е на ниво на Хамилтон на трка

Поранешниот Формула 1 возач, Марк Вебер, смета дека Макс Верстапен сеуште не е на ниво на Луис Хамилтон на трка, но смета дека се изедначени на квалификациите.

Втора година по ред Макс завршува зад возачите на Мерцедес во возачкиот поредок, а “сребрените стрели“ продолжуваат да доминираат. Откако лани победи три пати во текот на годината, возачот на Ред Бул додаде две победи сезонава и доминантно триумфираше на последната трка од овогодинешниот календар.

Холанѓанецот се смета за најголем ривал на Хамилтон иако не се вклучува константно во борбата против Мерцедес поради својто ограничен пакет. Вебер смета дека Макс и Луис се еднакви на квалификации, иако помладиот сеуште заостанува на трка.

макс врши неверојатно добра работа. тој е во последна фаза од оформувањето како возач, ако можам така да се изразам. веќе е на ниво на луис хамилтон во сабота, еднаов е со него на квалификации, но не е на негово ниво на трка, иако тоа смета дека е нормално.

не се освојуваат пет шампионски титули во првите пет години од кариерата, никој тоа го нема направено – изјави австралијанецот за холандска Formula1.

Марк смета дека искуството е тоа што во моментов ги разликува Хамилтон од Верстапен.

не многу возачи се во негова ситуација во која може многу долго да доминираат и рекодовно да имаат пакет за силни резултати. тоа искуство мора да се научи.

најсериозни кандидати да го симнат хамилтон се макс верстапен и шарл леклер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ