Вебер: На Пиастри ќе му треба време да се прилагоди

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен менаџер, Марк Вебер, откри дека на неговиот штитеник, Оскар Пиастри, ќе му треба време да се прилагоди во дебитантската сезона која му претстои.

Младиот австралијанец ќе дебитира со Мекларен годинава како замена за индиспонираниот Даниел Рикардо кој по две тешки години во Вокинг, одлучи спогодбено да ја прекине соработката.

Пиастри веќе возеше на постсезонскиот тест во Абу Даби минатата година откако подолго време беше дел од препирките помеѓу Алпин и Мекларен, а во врска со тоа кој договор кој бил потпишан е валиден.

тој е различен од даниел, мислам дека оскар е некако резервиран, но секој има свој каракрер.

себастијан фетел е четирикратен шампион и многу поразличен на крајот на кариерата одошто на почетокот. шарл леклер, макс верстапен сите тие имаат свој стил и свој начин на работа – посочи марк.

Оскар ќе вози во тандем со Ландо Норис претсојната година, возачот кој ќе ја одработи 5та сезона во Формула 1. Сепак, Вебер цени дека на Пиастри ќе му треба време да се прилагоди на жестокиот распоред, нешто низ што минуваат сите дебитанти.

оскар ќе биде нов во спортот и ќе ја одработи својата прва сезона годинава. не е важно кој сте, јасно е дека е потребно време да се прилагодите на се, на патување, на медиуми…

кога ландо пристигна беше како “зајак во шешир“, исто како и даниел во хрт или торо росо потоа. но, оскар е доста резервиран, неверојатно професионален и итар, што го видовме во сите јуниорски категории каде се тркал. тој е штедлив на зборови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ