Реакција на Пиастри за инцидентот со Саинз

Возачот на Мекларен не успеа да комплетира ниту еден цел круг од Големата Награда на Белгија.

Возачот на Мекларен, Оскар Пиастри, ја призна вината за инцидентот што ја уништи трката за него и Карлос Саинз од Ферари на Белгиското Гран При.

Австралискиот дебитант го обезбеди својот најдобар резултат во Ф1 со второто место на Спринт трката во саботата, но не успеа да го заврши првиот круг на Спа-Франкошамп во неделата по контактот во свиокот 1.

Пиастри имаше добар старт и се упати кон внатрешноста на Саинз во Ла Сорс, но просторот беше затворен бидејќи Шпанецот ги блокираше сопрачките и сврте нагло за да го избегне Мерцедесот на Луис Хамилтон.

МЦЛ60 беше турнат во внатрешниот ѕид, оштетувајќи го управувачот што го оневозможи Пастри да се врати во боксот, додека десната страна на Саинз беше го големо оштетување, поради што на крајот мораше да се откаже.

Разгледувајќи го инцидентот со медиумите, Пиастри рече:

Сосема спаѓа во категорија тркачки инцидент во првиот круг, во првиот свиок.

Добар стартував. Кога стигнав од внатрешната страна Карлос се префрли надесно и се блокираше и морав да се обидам да го избегнам малку тоа.

Од таму, моите опции беа доста ограничени. Ќе се осврнам повеќе на тоа и ќе видам дали има повеќе што можев да направам.

Гледајќи наназад, и двајцата можевме да ги направиме работите поинаку.

Тоа е многу тесен свиок 1. Карлос немаше многу опции од местото каде што беше Луис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ