Вебер: Ред Бул ќе останат опасни

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен менаџер, австралијанецот Марк Вебер, смета дека Ре дБул ќе остане опасна екипа сезонава и покрај тоа што се казнети за претерано трошење и пречекорување на лимитот.

Минатата година “биковите“ ја осоија првата конструкторска титула од 2013 година на еден месец пред крајот на првенството, сезона во која Макс Верстапен победи дури 15 пати, а Чеко Перез додаде уште 2 триумфа. Ферари сериозно нападнаа на почетокот од сезоната, но Ред Бул доминираше со брзиот развој.

ред бул сеуште се најопасната екипа. годинава сите треба да се подобрат, видовме дека мерцедес имаа одлична издржливост, ферари не, но беа многу брзи, додека ред бул беа силни на сите патеки.

макс е на ниво над сите, формула 1 плус на моменти. мислам дека за мене најинтересно беше да го гледам како возеше и како се пробиваше низ поредокот на спа, беше неверојатно – посочи вебер.

Поради прекумерното трошење во 2021 година, Ред Бул се казнети со 7 милиони долари и намалено време кое смее да го минат во симулаторот.

мислам дека никој не знае колку таа казна ќе влијае над нив, но сигурен сум дека иаат многу креативни луѓе за да го надоместат тоа. свесни сме колку мерцедес вложи за оваа година и колку научи по ланските проблеми. буџетот буквално го поделија и ланскиот развој го правеа за оваа година поради што ќе биде фантастично да се гледа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ