Вебер смета дека Расел е подготвен за Хамилтон

Поранешниот Формула 1 возач, Марк Вебер, верува дека новиот возач на Мерцедес, британецот Џорџ Расел, е подготвен да се бори против седумкратниот шампион Луис Хамилтон.

Авсстралијанецот во својата кариера имаше директен дуел во иста екипа против актуелен првак додека возеше во Ред Бул против Себастијан Фетел од 2010 до 2013 година. Тој верува дека стекнатото искуство на австралијанецот низ минатите три години ќе биде клучно во неговата битка против поранешниот првак.

тркање против луис ќе биде многу голем предизвик, но џорџ веќе има 50 трки зад себе и мислам дека е целосно подготвен за таков предизвик – посочи вебер.

Во однос на тоа што Џорџ треба да го очекува како дел од Мерцедес, Марк додаде:

џорџ ќе знае дека интензитетот ќе се промени како и неговите очекувања со самото тоа што ќе се бори за предниот ред на квалификациите секоја трка и ќе ја завршува истата при врвот, а не при дното како до сега.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ