Вебер смета дека Ф1 треба да ги остави Макс и Луис да се борат

Марк Вебер, поранешниот Формула 1 возач на Ред Бул, смета дека спортот не треба да прави ништо и не треба да се меша во жестоката борба помеѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон.

Запрашан дали Формула 1 треба да се вмеша за да запре ескалација на ривалството помеѓу двајцата врвни возачи и кандидати за титула, деветкратниот победник на трка се надева дека тоа нема да се случи и дека ќе гледаме интензивна борба во остатокот од сезоната.

се борат брилијантно, онака како што сите сакаат. мислам дека силверстон го имаше еден од најдобрите први кругови кои сме ги виделе неколку години наназад. се очекуваше, имаа одлични и блиски борби во барселона, на имола и на почетокот од сезоната во бахреин, сите очекуваа дека може да се случи инцидент.

силверстон беше извонреден, трката беше една од најдобрите по подого време, имаше 120.000 гледачи на денот на трка, а макс и луис стартуваа од првиот ред. имаа брилијантен прв круг, од почетокот се бореа, беа блиску кај излезот од боксовите, беа еден крај друг на бруклендс и јасно е дека желбата на хамилтон да мине од внатрешната страна на копс не се оствари – се присетува вебер.

Незавршената трка од Верстапен и победата на Хамилтон силно ја доближи борбата за титула како кај возачите кои се на 8 поени еден од друг, така и кај конструкторите. Во пресрет на Унгарското Гранд При, Марк смета дека холанѓанецот има предност во однос на болидот, но Хамилтон се покажал дека може да победи и со побавен пакет крај Будимпешта.

луис е магичен во будимпешта, феноменален е на таа патека, но макс е многу брз и вешт. ред бул ќе бидат силни на таа патека и макс може да има доминантен викенд како на ред бул ринг, да осови пол позиција и да исчезне.

ќе видиме, хамилтон победил на многу трки со послаб болид, трки на кои не требало да победи, но триумфирал. хамилтон треба да го покаже најдоброто од себе, а верстапен е борц, гладијатор кој не се предава. ќе биде страшен викенд.

Вебер типува и на повеќе судари помеѓу кандидатите за титула до крајот на сезоната.

секоја трка во моментов е многу важна и неизбежно е да доаѓа до уште судари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ