Верстапен верува во конфигурацијата на болидот

Макс Верстапен се надева дека промените кај неговиот болид од тренингот во Петок ќе му помогнат да напредува на стартот на трката за Големата награда на Русија во Сочи. 

Ред Бул во Петок објавија дека Верстапен ќе добие нов мотор и ќе стартува од крајот на гридот. Тој ќе биде опкружен со Валтери Ботас од Мерцедес, Николас Латифи од Вилијамс и Шарл Леклер од Ферари кои добија нови делови во моторите. Тој изјави дека ќе биде потешко од 2018 година кога исто така доби казна.

По проблемите од Петок тој најави дека имал промени во конфигурацијата на болидот што ќе му помогне. 

Вчера не бев конкурентен. Некои можеби ги засилија моторите или имаа помалку гориво, но не сум загрижен. Сигурен сум дека со промените ќе напредувам.

Ќе биде тешко да ги стигнам сите. Се зависи од првиот круг и што ќе се случи на трката. Секако ќе се обидам да освојам поени, но ќе ми биде потребна помош – најави лидерот во возачкиот поредок.

Хамилтон ќе стартува од четвртата позиција на гридот додека Ботас е назад со тактичка казна за да го спречи продорот на Верстапен. 

Ќе биде тешко бидејќи сите се силни. Направивме мали промени и се надевам дека ги имале засилено моторите на вториот тренинг. Знам дека ќе стартувам од крајот и нема причина од грижа. Ќе почекаме да видиме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ