Верстапен за надградбите: Хелмут лесно се возбудува

Макс Верстапен се обиде да ги намали очекувањата за надградбите на Ред Бул, кои се донесени на Шпанското ГП.

Макс Верстапен го минимизираше значењето на шпекулираните случувања со болидот на Ред Бул и покрај ветувачките коментари од Хелмут Марко пред Формула 1 викендот.

Со оглед на тоа што Ферари, Мерцедес и Астон Мартин донесоа големи надградби во последните трки во обид да ги стигнат лидерите во шампионатот, Ред Бул најчесто цели кон донесување надградби кон специфични трки.

Кога разговараше за инцидентите кои ја открија долната страна на подот на Ред Бул во Монако, советникот за моторспорт на Ред Бул изјави за дека тимот ќе проба нешто ново во Барселона.

Коментарите поттикнаа шпекулации дека Ред Бул може да направи обемни надградби на веќе доминантниот РБ19.

Говорејќи пред Шпанското ГП, Верстапен беше запрашан како Ред Бул ќе проба нешто поинаку овој викенд.

Мислам дека Хелмут малку се возбуди! Не знам, само ќе ја водиме нашата нормална програма и нема ништо лудо – одговори Верстапен.

Патеката треба да ни одговара.

Но, секако треба да се најде добар баланс. Мислам дека кога имаме добар баланс во болидот, тогаш можеме да имаме добар викенд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ