Верстапен импресиониран од Хонда

Макс Верстапен откри дека обожава да работи со Хонда поради тоа што производителот обрнува огромно внимание на деталите, буквално до секоја жичка и налепница во моторот.

По долги години партнерство со Рено, во Милтон Кинс решија од сезонава да користат јапонски мотори од Хонда. Јапонците ја почнаа сезоната со значителен дефицит во однос на моќта, но се подобруваа и сезонава стигнаа до три победи и две пол позиции, а издржливоста му беше безгрешна.

сезоната мина многу добро, на почетокот секогаш не знаете што да очекувате, но мислам дека се подобривме навистина значително. тоа беше зналајно да ја подобриме и издржливоста.

годинава ниту еднаш не се откажавме поради дефект на хонда и ако сакате сериозен напад на титула токму тоа ви треба. навистина сум импресиониран со нивната работа, сакам да работам со нив затоа што се многу професионални.

жиците кои се поврзуваат внатре во моторот, налепниците кои покажуваат што со што треба да се спои во моторот, сето тоа се мали работи кои се многу важни, а тие навистина многу внимаваат на деталите – смета верстапен.

Хонда донесе четири спецификации на моторит во текот на оваа сезона, една спецификација повеќе од ривалите од Ферари и од Мерцедес. Иако за дополнителната спецификација тие добија казна, сепак 22-годишниот возач смета дека напредокот бил многу позначаен да се оствари.

последната спецификација донесе навистина голем напредок. знаевме дека ќе иде голем чекор и само прашувавме кога ќе го добиеме моторот кои целосно ги исполни нашите очекувања. хонда притискаа силно да донесат подобрувања и навистина нема лимит во однос на тоа што сакаат да остварат.

Холанѓанецот имаше најбрзо време на три квалификациски сесеии сезонава, повеќе од било кој возач на тимот во В6 турбо хибридната ера, така што со право сите гледаат сериозни конкуренти за титула во Ред Бул Хонда. Сезоната младиот холанѓанец ја заврши ан 3то место пред двајцата возачи на Ферари, но појасни дека никогаш не е задоволен поради тоа што смета дека секогаш може повеќе.

нашите резултати на квалификациите зависат од карактеристиките на патеката. секој викенд односот помеѓу трите екипи е различен, ама сме блиску, но се менува предноста. ние сме во добра позиција, но секако дека сакаме повеќе и треба да работиме повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ