Верстапен искрено: Хонда нема повеќе моќ, на границата сме

Макс Верстапен не вервуа дека Ред Бул може да добие дополнителна моќ од јапонците од Хонда за последните 6 трки од сезоната во борба за шампионската титула.

Мерцедес се чини дека на последните две трки го имаа најбрзиот болид на гридот, а Верстапен се мачеше да го стигне Валтери Ботас во Турција.

во овој момент од шампионатот, се што има болидот е до максимум, така што не мислам дека можеме да промениме нешто и да засилиме нешто. немаме повеќе моќ, на самиот лимит сме – откри верстапен.

Тој дополни и дека не очекува новини и подобрувања на пакетот до крајот на сезоната.

нема да имаме ништо ново, но секако дека секогаш ќе целиме да се подобруваме. мораме да ја завршиме сезоната максимално добро со она што во моментов го имаме на располагање и да извадиме се. во одреден момент, мора да се насочиме кон следната гдина и не можеме да си дозволиме да го развиваме болидот до крајот на календарот.

Холанѓанецот потврди дека не е изненаден од скорешната форма на конкурентите од Мерцедес.

не сум изненаден од нивната форма затоа што нормано е да напредуваат, имаат нов мотор и секако дека ќе биде подобар од стариот. но, не е се во моторот, туку во комбинација од работи кои делуваат заедно. јас не сум изненаде затоа што сетирањето на болидот е клучно.

Истанбул Парк го фаворизираше Мерцедес, но Макс е во недоумица на кого повеќе ќе одговара Патеката на Америите.

тешко е да се предвиди, зависи од патеката и околностите, ќе дознаеме на првите тренинзи. патекат е добра и преубава, брзите кривини се места каде доста може да се претекнува, а на крајот на средниот и почетокот на последниот сектор е одлично да се вози.

тешко е да сме сигурно дали сме напреднале, но имаме идеја на каде да се движиме, а само времето ќе покаже дали сме во вистнска насока. генерално турција беше тешка патека за нас со асфалтот, но ова ќе биде поразично.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ