Верстапен не е загрижен околу издржливоста

Светскиот шампион Макс Верстапен ја освои првата пол позиција во Австралија во својата кариера со неверојатен летечки круг.

Тој ги отфрли грижите околу издржливоста на неговиот болид иако пријави проблеми во текот на квлаификаиците. Неговото време беше доволно за рекорд во Мелбурн, иако на радио пријави проблем со менувањето брзини и батеријата.

Секогаш се обидуваме да ги подобриме работите и продолжуваме во таа насока. Последниот круг беше одличен иако целиот викенд имав проблеми да ги загреам гумите во што успеав на крајот.

Среќен сум со кругот и секако сум среќен што сум на пол позиција. За малку ќе удрев птица, но за среќа тоа не се случи иако е доста често на улична трка.

Имаме одличен болид, но сепак е тешко да се одржат гумите загреани. Не чека интересна трка утре – посочи лидерот во возачкиот поредок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ