Верстапен: Предноста не е голема како во Бахреин

Актуелниот и двокртен првак, Макс Верстапен, смета дека доминацијата на неговиот Ред Бул каква што беше во Бахреин, нема да ја има на претсојното Саудиско Гранд При.

Иако холанѓанецот победи на двете петочни тренинг сесии на Џеда, објасни дека ритамот на долги серии покажал дека гридот е многу поблиску викендов. За тоа, Макс смета дека е виновна самата патека односно карактеристиките на истата и фактот што асфалтот не е толку агресивен како оној на Шакир.

имавме позитивен ден, но сепак има некои работи кои можеме подобро. поблиску сме едни до други, но тоа може да се должи и на менаџирањето на гумите. никој се чини дека не притиска силно во моментов на патека која бара мала потисна сила, така што мислам дека времињата реално се многу блиску. дефинитивно не е како во бахреин – посочи верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ