Верстапен се надева дека Рикардо ќе се врати

Актуелниот првак, Макс Верстапен, му даде целосна подршка на Даниел Рикардо за враќање на гридот. 

Рикардо го загуби местото во Мекларен на крајот на минатата година. Тој не беше во можност да му парира на Ландо Норис и тимот реши предвреме да го раскине договорот со него. 

Додека возеше во Ред Бул, тој важеше за еден од најсилните возачи, но подоцна премина во Рено па во Мекларен што не му помогна многу. Сега е назад во Ред Бул како трет возач. 

Тој е навистина одличен човек и доста забавен. Мислам дека целиот тим го сака бидејќи носи позитивна енергија и се надевам дека ќе се врати на гридот.

Можеби не бил сигурен во болидот на Мекларен и не уживал. Мислам дека доста ужива во моментов, но знам дека сака да се трка и се надевам ќе се врати на гридот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ