Верстапен се пожали на тешката победа во Монако

Холанѓанецот дојде до втората победа во Монако во тешки променливи услови на патеката.

Макс Верстапен успеа да го задржи Фернандо Алонсо зад себе во променливите услови на Монако каде дојде до втората победа во кнежевството.

Уште на самиот старт го престигна Алонсо и направи доволна разлика во која можеше слободно да менува гуми.

Беше тешко бидејќи бевме на медиум додека Фернандо беше на хард гуми. Доста време бев на нив чекајќи го дождот. Тие се трошеа и неколку круга бев во таа фаза. Подоцна се забрзав но беше тешко да се вози.

Алонсо промени на медиум но погреши додека Верстапен извозе уште еден круг и веднаш промени на интермедиа.

Тоа се покажа клучно за Верстапен и дојде до победа во хаосот

од круг во круг ја носевме одлуката за премин на интермедиа гуми. беше доста лизгаво но морав да притискам и да не губам време. неколку пати удрив во бариерите. но убаво беше да се победи на вакви услови. останав мирен до крај и стигнав до победа и многу поени за тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ